Биографија

        Др. Зиадин Села, роден е на 01.11.1972 година, во село Ливада, Струга. Потекнува од семејство кој се истакнува со високи национални и образовни  вредности. Основното образование го заврши во родниот крај, додека Средното образование го продолжува во средното училиште „Сами Фрашери„ Приштина–Косово, природно-математичка насока.

         По завршувањето на средното образование, студиите ги продолжува на Медицинскиот Факултет на Универзитет во Тирана (1992-1998).

Во Косовската војна, во 1999 година, се ангажира во Меѓународниот Црвен Крст, и потоа продолжува да работи, во Поликлиниката во с.Велешта како доктор од 2000-2004 година.

         Во наредниот двегодишен период 2004-2006 год., работи во Медицинскиот центар – Брза помош во Струга.

         Од 2006 – 2008 година, се именува за Директор на Санитарната инспекција, при Министерството за здравсто на Република Македонија. Др. Зиадин Села, набргу ќе специализира  за интерна медицина.

        Во 2009 година, се избира како Претседател на Демократската Партија на Албанците на огранокот Струга, задача која ја врши се до 2011 год., и како носител на листата за пратеници од редовите на ДПА, се избира за пратеник во Парламентот на Р.Македонија, функција која ја врши до 2013 година.

На локалните избори во 2013 година, е избран за Градоначалник на Општина Струга. Оженет е,  и е татко на две деца.